Трамп досега изгуби десетици тужби со кои се обидуваше да го промени исходот од изборите

Претседателот Доналд Трамп досега изгуби десетици тужби со кои се обидуваше да го промени исходот од изборите. Веќе помина и рокот, 8 декември, кога сојузните држави официјално ги заокружуваат резултатите, што уште повеќе ја ограничува можноста за нивно оспорување.

Од изборите изминаа пет недели, во меѓувреме се случуваа прослави, протести, повторно пребројување на гласовите во неколку сојузни држави, како и десетици правни битки.

Ништо од тоа не го промени резултатот. Џо Бајден победи на изборите. Но, претседателот Доналд Трамп не е подготвен да го признае поразот.

Не ги изгубивме изборите. Победуваме.” – изјави Трамп.

Помина рокот сојузните држави да ги решат правните битки, вклучувајќи и пребројување на гласовите.

Истекувањето на рокот е уште еден удар за напорите на претседателот да го промени изборниот резултат на суд, преку лажни тврдења за злоупотреба на гласовите.” – рече Азис Хак, од универзитетот Чикаго.

Резултатите сега се сметаат за конечни за Конгресот.

Ако изборите се сертифицирани по 8-ми декември, и ако електорите се селектирани до 14-ти декември, Конгресот  би можел да ги смета тие гласови на пребројувањето во јануари.” – изјави Џон Фортиер, од центар за за двопартиска полтика.

Претседателот поднесе десетици тужби во седум сојузни држави во кои изгуби – Аризона, Пенсилванија, Џорџија, Мичиген, Висконсин, Минесота и Невада.

Тој доби една од постапките и изгуби повеќе од 40, со неколку нерешени – во Џорџија, Аризона, Висконсин и Пенсилванија.

Како што неговиот правен тим губи во судовите, главниот правобранител на САД, Вилијам Бар, исто така, рече дека нема доказ за масовна злоупотреба.

Но, поддржувачите на Трамп продолжуваат да им се закануваат на изборните официјални лица, принудувајќи еден републиканец да се спротивстави.

Тоа мора да запре. Господине претседателе, вие не ги осудивте ваквите постапки или говор.” – кажа Габриел Стерлинг, Менаџер за гласање во Џорџија.

По судските порази, Трамп се вмеша вршејќи притисок врз официјалните лица и законодавци во Џорџија, Мичиген и Пенсилванија да ги променат изборните резултати.

Иако ваквите обиди не успеаја, тие открија слабости во американскиот изборен систем.

Само времето ќе покаже дали тоа што произлегува од овие избори ќе биде заложба за интегритетот на изборниот систем, или ранливост на тој систем.” – рече Азиз Хак, Универзитет на Чикаго.

Овој понеделник, 14-ти декември, 538-те членови на Изборниот колеџ формално гласаат кој ќе биде претседател и потпретседател на САД.

Американските закони предвидуваат строги рокови за заокружување на изборните дејствија. На 6-ти јануари Конгресот треба да ги преброи и потврди гласовите од Изборниот Колеџ со што и официјализира победникот на изборите. Претседателот секогаш ја дава заклетвата на пладне на 20-ти јануари.

За Алфа од Гласот на Америка, Никола Крстиќ во Вашингтон.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста