ЕВРОПСКО СРЕБРО ЗА ТЕКВОНДИСТОТ ГЕОРГИЕВСКИ

Македонскиот теквондист Дејан Георгиевски освои сребро на Европското сениорско првенство во Сараево. Тој денеска во категоријата над 80 килограми оствари три победи и загуби дури во финалето од натурализираниот Србин Махди Кобадабаши со 19-18. Овој успех потврдува дека Георгиевски е сериозен олимписки кандидат за Игрите во Токио следната година.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста