Регионалната Платформа за застапување на слободата на медиумите на Западен Балкан: Ги осудуваме заканите и навредите врз новинарките

Регионалната платформа за застапување на слободата на медиуми и безбедност на новинарите на Западен Балкан која ја претставуваат повеќе од 8000 членови, остро ги осуди заканите и навредите кон македонските новинарки Искра Коровешовска и Мери Јордановска од лицето Емил Јакимовски. Во соопштението од Регионалната платформа се изразува поддршка за ЗНМ во нејзините напори да ги заштити новинарите и слободата на говорот и ги осудува заканите и навредите кон двајцата новинари.

„Ги повикуваме надлежните институции да реагираат соодветно и јасно да ги осудат заканите на Јордановска и Коровешовска. Платформата ќе испрати писма за загриженост до сите релевантни органи во Македонија, барајќи од нив итно и темелно да ги истражат сите факти за овие случаи и да започнат да постапуваат соодветно. Напаѓање и заканување на новинари е директен напад врз слободата на изразување и правото на граѓаните да бидат информирани, велат од Платформата.

Инаку Емил Јакимовски, кој вчера беше во полиција да даде исказ, и понатаму продолжува со упатување на недолични и навредливи содржини на социјалните мрежи.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста