Расте бројот на загинати во Турција

Најмалку 21 лице го загуби животот, а преку 1.000 се повредени во разорниот земјотрес со јачина од 6,8 степени по Рихтеровата скала што ноќеска го погоди источниот дел на Турција. Потресот силно се почувствувал до Тел Авив. Екипите бараат преживеани под неколкуте урнати згради.
Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 6,7 километри кај градот Сивирџе во источната провинција Елазиг. Потресот меѓутоа бил почувствуван и во голем број соседни провинции.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста