Повеќе од четири милиони Американци веќе гласале на претседателските избори

Според досега обезбедените податоци за предвременото гласање на претседателските избори во САД, бројот на Американци кои веќе гласале, пред официјалниот изборен ден, 3 ноември, укажува дека ќе има рекорден одзив на гласачи на изборите, на кои учествуваат актуелниот претседател Доналд Трамп и демократот Џозеф Бајден. Четири недели пред изборите, веќе гласале повеќе од четири милиони Американци, што е далеку повеќе од околу 75.000 пред претседателските избори во 2016 година.. Поголемиот одзив е поттикнат од одлуката на многу држави да дозволат предвремено гласање и гласање преку пошта поради пандемијата на корона вирусот, но и од желбата да се донесе одлука за политичката иднина на Трамп, сметаат аналитичарите.. Се предвидува, дека на претседателските избори во ноември, ќе гласаат околу 150 милиони избирачи, што е 65 проценти од Американците со право на глас. Тоа би бил највисок процент од 1908 година.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста