Поранешните вработени во Тетекс јарн сеуште ги бараат заостанатите плати и правдата за принудните откази

Поранешните вработени во Тетекс јарн сеуште бараат начини како да си ги добијат заостанатите две плати, но и правдата што биле изиграни принудно потпишувајќи договори, со што од март годинава, останаа без работа. Денеска имале средба со раководството, но не добиле добри вести-за платите,засега немало пари.

“Пред да се затвори, имаше многу роба, преку 20 тони волница замина за Бугарија, други полно вреќи волница никаде ги нема.Само последниот пат кога беше Петар Камбуров, 60 тони железо е извадено само од еден подрум, никој не знае каде се тие средства..се продаде кола, компресор,многу средства, а ниеден денар од тие ствари не легнаа на сметката на работниците.” – вели Ванчо Ѓероски.

160-те поранешни вработени во Тетекс јарн,останаа без работа во март годинава,пред да почне пандемијата со коронавирусот.  Тогаш раководството им дало принудно да потпишат анекси на договорите за работа. Тие велат дека иако добиле договори за работа на три месеци, биле принудени за истите да потпишат анекси и со тоа останале без работа.Речиси сите од тогаш се и без работа и без пари.Правдата најавија дека ќе ја бараат и пред Владата.

Инаку,фабриката за производство на предиво и волница е компанија со доминантен бугарски капитал.Раководството денеска остана недостапно за медиумите.

Милена Вучевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста