Почина Благој Цонев, композитор и музички педагог

По кратко боледување, вчера на 82 годишна возраст, во Скопје почина композиторот и музички педагог, Благој Цанев.

Роден е во Свети Николе , 1937 година. Тој е првиот дипломец на основаната Висока музичка школа, подоцна Факултет за музичка уметност, каде подоцна дипломира и на Одделот по композиција, во класата на Властимир Николовски. Цанев работеше како професор во Средното музичко училиште, а потоа и на ФМУ.

Неговиот опус бележи дела од повеќе музички родови, а најзначајни се оние во хорскиот, камерниот и солистичкиот жанр. Композициите на Цанев се базираат врз неоромантичната и неокласичната естетика, со дискретна примена на елементи од македонскиот музички фолклор. На полето на камерната музика ги остварува најзначајните творечки достигања, при што некои од творбите, меѓу кои се „ Соната ин Ес“ , за кларинет и пијано, од1972 година, доживеа бројни изведби од домашната музичка репродуктива.

За својата самопрегорна работа, Благој Цанев е добитник на највисоките државни награди – „11 Октомври“ и „Климент Охридски“, како и стручните „Панче Пешев“, „Трајко Прокопиев“ и др.

-Со огромно жалење соопштуваме дека денеска почина проф. Благој Цанев, еден од основоположниците на македонската современа класична музика. Проф. Цанев беше еден од највлијателните композитори, еден од најпочитуваните педагози по музика, кој зад себе остави богатство од дела. Големиот уметник, беше неизоставен дел од Филхармонија уште од самите почетоци на функционирање на институцијата, најпрвин како дел од оркестарот, потоа како композитор и до крајот на животот, редовен посетител на симфониските концерти. Слава му, објави Македонска филхармонија на Фејсбук.

https://www.facebook.com/37839343010/posts/10158644510663011/

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста