Илинденско Крушево, за прв пат, со посебни заштитни мерки, ќе го одбележува големиот Илинден

Легендарното Крушево, темелот на Илинденската епопеја и на вековната македонска национална самосвесност, и покрај Корона-кризата, веќе диши во својот претпразничен ритам. Традиционалните крушевчани велат дека се подготвени и оваа година да им оддадат достојна почит и на илинденците, но и на сите добронамерници кои веќе се дојдени или допрва ќе дојдат во градот.

Но, наспроти веќе присутната претпразнична еуфорија, крушевчани не кријаат дека во Крушево, и понатаму тешко се живее. Велат, градот одмана бил град на старци, бидејќи младите бегаат без намера повторно да се вратат.

Од друга страна, Короната свој данок зема и овде. Особено на удар се угостителството и туризмот, единствените гранки од кои економски опстојува оваа балканска воздушна бања. Тоа го потврдува и првиот човек на градот, но и самите угостители.

На „Мечкин Камен“ пак, денеска беше празно, освен неколкумината излетници, кои уживаа во чистиот планински воздух.

Инаку, според програмата, која годинава, согласно посебните здравствени протоколи ќе биде скратена, на 2-ри август од „Мечкин Камен“ требаше да се обрати Талат Џафери, чие обраќање е неизвесно заради неговата влошена здравствена состојба. Минатата година свое обраќање имаше Зоран Заев, кое беше проследено со бројни негодувања на дел од насобраните граѓани.

Каролина Дурло

 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста