Сега и официјално: Вардар втора година по ред без наастап во Европа
ФФМ обелодени кои клубови добија лиценци, а кои не` за настап во квалификациите под капата на УЕФА за наредната сезона. Академија Пандев, Македонија ЃП, Работнички, Ренова, Силекс, Шкендија и Шкупи добија зелено светло од комисијата за лиценцирање при ФФМ, а без лиценци останаа Вардар, Борец, Брегалница и Струга ТЛ. Најтрофејниот македонски фудбалски клуб втора година по ред од финасиска причина останува без шанса за учество во европските натпреварувања. Се чека и конечната разврска околу тоа дали Вардар ќе биде новиот шампион на Македонија со оглед на двоцифрената предност на табелата во однос на конкурентите.
КАТЕГОРИИ Фудбал