Ново поскапување на горивата од полноќ

Регулаторната комисија за енергетика ги сооопшти новите цени на горивата кои ќе важат од полноќ.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), се зголемуваат за 1,00 денар/литар.

Со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 58,00 ден/лит, додека малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 50,00 ден/лит.

Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 1,50 денар/литар.

Новата цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 60,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), изнесува 39,00 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 1,353 ден/кг во однос на цената утврдена со Одлуката од 01.06.2020 година и со тоа малопродажната цена на мазутот М-1 НС изнесува 24,613 ден/кг.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста