Македонија го доби првиот видео-агрегатор prvatv.mk

Македонија го доби првиот видео-агрегатор prvatv.mk

Македонија го доби првиот видео-агрегатор – „Прватв“ (www.prvatv.mk). Од сега, на едно место, можат да се најдат сите видео содржини – подкасти, информативни емисии, забавни емисии, дневни настани. Сега е полесно од било кога да го најдете било кое видео, да ги пребарате сите интервјуа на одредена личност во различни медиуми, да прегледате изјава. 

На дневна основа, најбрзо ги добивате сите нови објавени видеа од македонски автори. Сите селектирани во засебни категории. Лесно за сортирање, а уште полесно е да дојдете со сите видео подкасти – бидејќи можете да пребарувате и по автор.

Важно е што „Прватв“ ги почитува авторските права на сите објавувачи на видеа. На „Прватв“ можете да видите само наслов од видеото, а со клик на истото, пристапувате кон целосната содржина и овозможувате поголема гледаност на авторското видео.

Авторите кои не се индексирани, тоа може да го направат преку секцијата „Индексирање“ или на мејл.

Страниците се освежуваат по стотици пати во текот на денот, за да најновите содржини бидат достапни набрзо по нивното објавување. 

„Прватв“ нема редакција, туку претставува автоматизиран систем на агрегирање на видео-содржини. Истиот е во развојна фаза и следува негова напредна верзија и проширување во повеќе држави.

Издавач на „Прватв“ е СТ Групација, која истовремено е издавач на информативниот портал „Скопје1“, порталот за правда и правосудство „Претрес.мк“, таблоидот „Медиасет.мк“, здравствениот портал „Инфо.семед.мк“.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста