Историско Крушево се’ повеќе станува град на старци и пензионери

На самиот праг од револуционерниот Илинден, неизвесно – кој од државниот врв, по повод Националниот празник – 2-ри Август, традиционално ќе се обрати од „Мечкин Камен“ во востаничко Крушево?! Талат Џафери, заради нарушената здравствена состојба, се уште се наоѓа во болница, а најави за негова замена, до денеска – нема, иако годинава заради познатите состојби, условени од пандемијата, празничната програма ќе биде скратена и ќе се одвива под веќе познатите посебни здравствени протоколи.

-Од друга страна, домаќините, верни на традицијата за достојно одбележување на овој историски датум, постара од три децении, велат дека се подготвени за големиот празник. Но, исто така, тие не ја испуштаат приликата да се пожалаат дека и покрај исклучителните историски, културни и туристичко-угостителски потенцијали со кои располага нивниот град, Крушево останува да ја живее својата сурова реалност и се’ повеќе да биде град на старци и на пензионери, бидејќи младите бегаат без видлива намера да се вратат-изјави Томе Христоски градоначалник на Крушево

Инаку, според претходно утврдената програма, в недела, на самиот ден на Националниот македонски празник, кога се одбележуваат 117 години од историското Илинденско востание и 76 години од АСНОМ, чествувања ќе има во Меморијалниот центар во „Пелинце“ каде ќе се обрати Претседателот на државата, Стево Перндаровски, во Скопје, каде свое обраќање ќе има Претседателот на Владата, Оливер Спасовски и во Крушево каде требаше да се обрати Талат Џафери.

Каролина Дурло

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста