Градежната урбана мафија го зема ли својот данок и во Кавадарци ?

      „Еве, сами видете. Од 14.04.2021, лекарско, телесна повреда…Јас сум тука нападнат од лице вработено во фирмата и од обезбедувањето..затоа што отидов позади куќата да правам контрола, да видам дали ми ја поткопуваат или не…и таму ме нападнаа со шипка и бев удиран и тегнет..и еве, последен пат што сум јас нападнат“, – Кире Стојков од Кавадарци.

      Го зема ли својот данок градежната урбана мафија и во Кавадарци, се прашува кавадарчанецот Кире Стојков, кој тврди дека со бесправна градба на станбена зграда која е лоцирана веднаш до неговата куќа му е поткопан темелот од куќата, целосно му се одземала светлината, а имало и евидентни оштетувања на куќата ?! Освен ова, Стојков вели дека зградата во изградба не била ниту во ДУП-от, заради што овој случај веќе цела година го решава низ судските инстанци.

  „Овдека проблемот е многу голем затоа што се работи зграда која што нема правосилно решение за градба од општина Кавадарци, а сакаат да ја изградат до мојата куќа, значи лепенка, за што јас не им давам согласност, бидејќи по закон, по сите законски нормативи, од мене треба да е оддалечен три метра објектот кој се гради…Јас добив закани од општина Каварадци и градоначалникот дека мојот објект ќе биде срушен доколку не потпишам некоја согласност за лепенка….Јас добив закани и од страна на инвеститорот дека ќе бидам убиен, ликвидиран, јас и моето семејство, затоа што не му потпишувам согласност…“, – објаснува Кире Стојков.

    Инвеститорот „Ден-Мак“ пак, како и градоначалникот Митко Јанчев, ги отфрлаат сите овие обвинувања и тврдат дека се било според Закон и дека насилникот и заканувачот всушност бил Стојков.

   „Се е по закон…Општината го продава земјиштето на Дан-Мак во 2019-та и во Договорот ме условува – „Дан-Мак“ како иден сопственик на земјиштето има рок девет месеци да почне со градба, јас имам договор со услов..ако не, договорот ми е ништовен и невалиден, ќе ми пропаднат парите, инвестицијата..Во рок од тие девет месеци јас сум поднела барање за одобрение за градба, сум поднела проект, сум платила комуналии и си терам сега, на лице место – законски“, – посочува Ена Норнилд, генерален менаџер на „Ден-Мак“.

  „Таму работата си е чиста како солза…Имаш работа со луѓе – насилници кои што имаат три кривични пријави и направија четири тепачки, насилни тепачки и тешки повреди му нанесоа на инвеститорот…Секторот за издавање на градежни дозволи ви е тука, повелете…човекот си е одбиен и има времена мерка за забрана и на крајот ќе добие и притвор тој, бидејќи прави насилство..“, – ни рече градоначалникот Јанчев.

    Но, и покрај се’ ова, Стојков вели дека нема намера да се откаже од потрагата по правдата, за која е убеден дека била на негова страна, иако се сомнева дека зад целата оваа работа стоеле градоначалникот и општината.

   Инаку, на таблата пред зградата која се гради, освен името на инвеститорот и квадратурата на становите, нема никакви други информации за проектот. Ниту кој е изведувачот, ниту рокот за изградба, а ниту вредноста на проектот. Кавадарчани шпекулираат дека градежните работи ги изведувале работници, странски државјани и дека ова не бил единствениот проект чија изградба бил сомнителна.

Каролина Дурло 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста