ЕУ ДЕНЕСКА ЌЕ ПОТПИШЕ ДОГОВОР ЗА 160 МИЛИОНИ ДОЗИ ВАКЦИНИ ПРОТИВ КОВИД-19

Европската унија постигна договор со американската биотехнолошка фирма Модерна за снабдување до 160 милиони дози за вакцини против ковид-19. Договорот ќе биде официјално одобрен од извршната власт на ЕУ во среда. „Според резултатите од клиничките испитувања, оваа вакцина може да биде многу ефикасна против ковид-19“, a штом вакцината навистина се докаже како безбедна и ефикасна, секоја земја-членка би можела да ја прими во исто време пропорционално“. Брисел претходно потпиша договори за стотици милиони дози на можни идни вакцини од „Џонсон и Џонсон“, „Санофи-ГСК“, „АстраЗенека“, и„Фајзер-БионНТех““.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста