Дневно само по двесте граѓани од истокот ќе може да се тестираат со брзите ковид тестови

Дневно само по двесте граѓани од истокот ќе може да се тестираат со брзите ковид тестови. Таа привилегија ќе ја имаат граѓаните  од Делчево,Македонска Каменица, Штип и Кочани, додека граганите од другите општини во регионот ќе мора да патуваат до соседните градови. Тестови за здравствените домови и станици во Берово, Пехчево и Пробиштип.

  Во Кочани  од денес дневно ќе се тестираат по дваесет. Листата е веќе полна, коментира првиот човек на кочанската болница, посочувајки дека се пријавени граѓани од Скопје, Велес , па дури и Битола.  Во Штип ќе се тестираат 40, во Каменица 20, а во Делчево најмногу 60.

 

„ Сега се вклучуваме во правење на брзите тестови. Лаборанти од Делчево и кАменица се испратени на обука . Додека ПСР тестовите одамна ги работиме“-изјави Марија Глигоровска, дир.на Здравен дом-Делчево.

Со воведување на брзите тестови  ќе се реши  горливиот проблем на граѓаните од крајниот Исток кои беа приморани да пауваат и по стотина километри во еден правец само за  да стигнат до пунктот. Ваквата организираност и те како влијае на скромниот македонски буџет, па поради тоа голем дел од граѓаните се одлучуваа да си останат дома..

 Беше многу важно да се донеат вакви тестови во Делчево. Одалечени сме многу од Кочани 50, а од Штип 100км. Пациентите не можаа да патуват.Таксистите не сакаат да возат сомнителни на корона-изјави Марија Глигоровска, дир.на Здравствен дом Делчево

Брз тест може да закаже само матичен лекар и тоа доколку пациентит го исполнува алгоритмот, односно има симптоми на ковид не повеќе од 5дена

Александра Ристеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста