Елмас со случајна асистенција за „осум од осум“ на Наполи

Виктор Осимен е херојот на Наполи за минимална победа против Торино и тоа на девет минути до крајот во осмото коло од Серија А. Осимен погоди со глава по еден висок скок на топка, која случајно се одби од грбот на македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас. Нашиот „дијамант“ влезе во игра во 71та минута, но доволно придонесе за максимален ефект на тимот од Неапол, кој останува на врвот во Калчолигата со 24 бода.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста