Двајца мртви, 60 уапсени во протестите во САД, Трамп е подготвен да ја извади војската на улиците

Две лица загинаа, а 60 се уапсени, за време на немирите  во Цицеро, предградие на Чикаго на 7миот ден од протестите во Сад , предизвикани од полициското насилство врз Џорџ Флојд. Во Сент Луис, во сојузната држава Мисури, четворица полицајци се  ранети во престрелка со демонстрантите.

Страстите дополнително зовреа откако резултатите од обдукцијата покажале дека Флојд починал од задушување, поради притисок врз неговиот грб и вратот од страна на полицаецот Дерек Шовин, кој неколку минути со колено го притискал  вратот на Флојд и ги игнорирал неговите повици за помош.

Лекарите кои ја извршиле обдукција соопштија дека станува збор за брутално убиство.Еден од докторите  на прес конференција, изјави дека Флојд претходно немал здравствени проблеми, што би придонесло за неговата смрт.

Во меѓувреме, во немирите во 140 градови во САД досега се уапсени над 4.400 демонстранти. Прогласена е вонредна состојба во 40 американски градови, а претседателот Трамп најави дека ќе испрати војска на улиците на американските градови за да им стави крај на насилствата. Тој ги критикуваше властите на неколку сојузни држави дека не успеале да ги стават под контрола протестите и да ги одбранат своите граѓани.

„ Се заколнав дека ќе ја бранам Америка и ќе го направам тоа. Правдата за Флојд ќе стигне, но не можеме да им дозволиме на насилните демонстранти да ги загрозат нашите мирољубиви граѓани. Јас сум сојузник на сите мирни демонстранти, но тоа е нарушено од професионалните анархисти, антифи и други“ вели претседателот.

 

Бидејќи протестите се случуваат во екот на кампањата за американските претседателски избори закажани за 3 ноември, дел од генералите на Пентагон, не ја исклучуваат можностите – протестите да прераснат во обид за пуч против Трамп. Според нив, опозиционите демократи и нивниот кандидат  Џо Бајден се надеваат дека преку овие протести, нестабилноста и намалениот рејтинг на Трамп полесно ќе се вратат на власт.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста