Денеска повторно многу топло, во вечерните часови ќе има услови за локална нестабилност

Сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен превец. Во вечерните часови ќе има услови за локална нестабилност. УВ=9

Утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност. На места ќе има зголемена облачност и развој на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен до засилен северен ветер, поизразен вдолж Повардарието. УВ=8