Аларм во штипска гинекологија – родилки и нивните бебиња ставени во изолација

Седум родилки и нивните бебиња како и  шестмина здравствени работници од Гинекологија и акушерство и Неонатолагија во штипската болница се во самоизолација, откако медицинска сестра е позитивна на ковид-19. Медицинската сестра во неделата била на дежурство, а в поноделникот ги развила првите симптоми, по што вчера била тестирана..

Продолжува да расте бројот на заболени текстилни работнички. Со пет потврдени случаи од денес со одлука на сопственикот е затворена уште една конфекција. По вчераниот увид епидемиолозите утврдиле дека работниците се групираат за време на паузите, а и машините во погоните не биле  на соодветно растојание. Седумте конфекции кои претходно беа затворени од денес го рестартираа своето производство.

Александра Ристевска