На врвот според инфлацијата, на дното според економскиот раст
Македонија е на врвот од земјите во регионот според стапката на инфалција, а меѓу последните по проекциите за економски раст од светска банка.
Откако настапи економската и енергетската криза, Македонија речиси цело време го држи врвот по стапка на инфлација . Статистика измери дека во мај има пад , но сеуште е двоцифрена на ниво од 11,3 % што е на врвот споредено со земјите од регионот кои досега ги имаат објавено податоците. Во мај пониска инфлација имаат Словенија, Хрватска, Албанија , а најниска стапка е измерена во Грција од 2,8 отсто. Дел од земјите уште не ги имаат објавено податоците, но ако го погледнеме движењето во април , полоши од нас се само во Србија, а најниска инфлација во април имало во Косово и во Грција.
Властите се обидуваа да ја зауздаат инфлацијата цело време со мерки одмрзни – замрзни. Пред нецел месец одлучија дека сега било времето да престанат да важат смрзнатите цени и да се ослободи пазарот, ама ако било потребно во иднина повторно ќе реагирале .
Од друга страна продолжуваат песимистички прогнози на меѓународните финансиски институции за напредокот на македонската економија. Светска Банка проектира раст од 2,4 % , ова е намалување на проекцијата во однос на јуни лани кога беше 3,1 % па имаше уште едно намалување 2,7 % по што на стартот на годината во јануари прогнозираа раст од 2,4 % што е еднакво на сегашната проекција. Најоптимистички се проекциите за Косово и Црна Гора . Најниски се проецкиите за Бугарија
Економски раст 2023
Косово 3,7%
Црна Гора 3,4%
Албанија 2,8%
Босна и Херцеговина 2,5%
Србија 2,3%,
Хрварска 1,9%
Бугарија 1,5%
Извор : Светска банка
Проекциите на Народната банка на македонија се попемистички и се движат на ниво од 2,1 % . Народната банка, очекува стабилизирање на економскиот раст и умерено забрзување на среден рок и постепено забавување на инфлацијата, што било и тема на разговор со ММФ и гувернерката на Народна банка Анита Бежоска Ангеловска.
Кристина Алексиеска