Обвинителство најави дека е можно да отвори предистрага за надзорот на Коридор 8 и Коридор 10

Обвинителството за организиран криминал најавува дека е можно да отвори предистрага за корупцискиот скандал поврзан со надзорот на изградбата на новите автопати тежок, 1 милијарда и 300 илјади евра. Од таму велат дека во моментов ги разгледуваат информациите кои излегоа во јавноста во врска со случајот и дека е можно да отворат предмет.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција не ја исклучува можноста во наредните денови откако ќе ги проучи изнесените информации во медиумите, да оформи предмет и да започне предистражна постапка со цел да се испита дали постојат елементи на кривично дело и доколку постојат кој е надлежен да постапува, велат од Основно јавно обвинителство за организиран криминал и корупција

Сепак, од обвинителството велат дека само за исклучителни случаи се отвара предмет по допрен глас, кога доказите се очигледни, а нема реакција од останатите институции. Како до нив да не стигнуваат секојдневните информации дека зад договорот за надзор на изградбата на новите автопати се крие најголемиот корупциски скандал во земјава. Не им е доволно фактот дека за поголемиот дел до 22-те милиони евра, надзорот ќе го вршат фирма кои предходно само шиеле долна облека или фирма чиј предходен сопственик е баран со меѓународна потерница, ниту пак астрономските паушали и хонорари. Јавноста, опозицијата, но и експертите бараат од шефот на организиран криминал абази, чии избор беше проследен со сомнеж, сега да покаже стручност и интегритет:

„Изборот на обвинителот беше проследен со сомнеж, а сега е вистинско време да покаже интегритет“, вели Ѓорги Сламков, поранешен претседател на Антикорупциска корупција

Наводниот корупциски скандал одекна откако се испостави дека македонските фирми „Електра Солушн“ и „Евро консалтинг“ добијат 70% од 22 милиони за надзор. Едната фирма претходно произведувала долна облека, а другата фирма е на лице кое е барано со меѓународна потерница.  Дополнително, наместо најавуваните реномирани странски експерти за надзор се сведоа само на 5 лица, од кои 4 се од регионот, а дел од нив и со македонско потекло. За тоа ќе добијат астрономски паушали од по 300 илјади евра.

Паула Костадиноска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста