Сарацин: прифатете го францускиот предлог, друг може воопшто да нема

Германија целосно застанува позади македонскиот јазик и идентитет, но нема јасни гаранции дали и по прифаќањето на францускиот предлог Бугарија нема повторно да ја условува Македонија при секое отворено поглавје во преговорите. Високиот претставник на германскиот Бундестаг за Западен Балкан, Мануел Сарацин од Скопје со порака дека предлогот треба да се прифати, оти сега била историска шанса за тоа. Иако негираше дека она што и се нуди на Македонија во моментов е земи или остави понуда, сепак потврди дека ако сега не сме кажеле „да“ друг предлог може и воопшто да немало.

-Компромисот кој сега е на маса е навистина компромис и уште еднаш тука се земени во предвид барањата на владата на Македонија. Ако сега не се реши, не се донесе одлука, тогаш никогаш нема да се реши. Можноста повторно да се добие некој договор можеби воопшто нема да дојде , но во секој случај тоа нема да биде подобар, порача Сарацин.

Вицепремиерот Бојан Маричиќ пак негира дека набиената дипломатска офанзива била за убедување за предлогот, туку била чин на пријателство и поддршка за македонските интеграции. Вели дека би било штета да се одбие ваков предлогх, оти секое одлагање било враќање чекор назад.  

-Не би било одговорно да ја испуштиме шансата без да знаеме кога ќе добиеме повторно и без да знаеме во кои услови и во каква ситуација.Искрено сум убеден, дека би било вистинска штета и за државата и за идните генерации да го препуштиме овој момент надевајќо се дека можеби ќе добиеме подобар предлог. Не би било исто така одговорно да го испуштиме или одбиеме овој предлогво кој сме ги постигнале нашите клучни очекувања и барања, вели Маричиќ.

Откако власта го објави текстот на францускиот предлог, Македонија стана омилена дестинација за европските тешкаши кои имаат за задача компромисното решение да го претстават како европско иако во него се испочитувани сите бугарски ултиматуми. Пред Сарацин и шефот на европскиот Совет Шарл Мишел, ни порача оти сега била шансата да се прифати предлогот на Макрон.

Ивана Соколовиќ Најдова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста