Оризарите на суд за ланските протести

Започна судењето на деветмината оризопроизводители членови на Иницијативниот одбор за спас на оризопроизводството. Пред судија во Основениот суд во Кочани треба да докажат дека не сносат одговорност поради тоа што на еден од протестите организирани лани, одреден период биле блокирани и двете коловозни ленти. Земјоделците се категорични, виновна за хаосот на регионалниот пат Штип-Кочани бше полицијата

  „Имаше 15минути гужва. Ниту имаше застој во сообраќајот. Сите возила се движеа нормално. Два камиони од спротивен правец излегоа од „Евроконтрол„ и го запречија сообраќајот. Инаку земјоделска механизација немаше и лентата не беше затворена. Ние немаме никаква вина за сето ова„-изјави Здравко Арсов од Иницијативен одбор за спас на оризопроизводството.

 „Ќе се бранеме со чиста совест. На нас не ни требаат адвокати. Ако мислат дека треба да не затворат, нека не затворат, ама кои утре ќе им произведува храна! Утре ќе останат без храна! И за судот и за полицијата, за сите произведуваме храна„-рече Сане Јованов, член на Иницијативниот одбор.

 Во знак на револт , земјоделците од кочанско најавуваат нови протести. 

 „После оваа пресуда без разлика каква ќе биде, ние ќе го блокираме патот во двете коловозни ленти. Дали е законски или не, ние ќе го блокираме. Ќе си и бараме нашите права, но и вакво нешто земјоделци да се носат пред суд да не се случи повторно„-рече Тони Максимов, член на Иницијативниот одбор .

Минатиот месец членовите на Иницијативниот одбор заработи прекршочни пријави. Тие се теретат дека се виновни за блокирањето на двете коловозни ленти на патот Штип-Радовиш,за време на протестот одржан на 21септември минатата година.

Александра Ристевска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста