Др. Караџовски за четвртиот бран: Владата не не послуша кога советувавме да нема свадби на затворено


Deprecated: Implicit conversion from float 1714289123.697665 to int loses precision in /home/alfamk/public_html/wp-content/plugins/sneeit-framework/includes/utilities/utilities-views.php on line 40

Бурни реакции меѓу експертската јавност по новите анти ковид мерки на Владата. За дел докторите, одлуката за поделба на граѓаните на вакцинирани и невакцинирани, со која на оние кои не ја примиле вакцината против Ковид 19 им се ограничува можноста за социјализација и извршување на секојдневните потреби е погрешна и нема никаква логика со заштита од корона вирусот.

Микробиологот Никола Пановски иронично коментира дека носењето маска на планина и на нива не била толку глупава мерка.

„Со документ за прележаност која се случила не порано од 9 месеци, Швајцарија го промени на 12 месеци, можете да патувате во ЕУ без вакцинација, кај нас во кафиќ на тераса не смееш да влезеш ако минале 45 дена!!! Носењето маска на планина и на нива не била толку глупава мерка, секогаш може поглупаво!!!“, пиша доктор Пановски на Фејсбук.

Критики за власта пристигнаа и од првиот човек на Комисијата за заразни болести Жарко Караџовски, кој со месеци не се појавил во јавност. Но, вчера ја искритикува власта дека не ги послушале епидемиолозите кога барале да се забрани организирање на свадби во затворен простор во текот на целото лето.

„Ако тогаш имавме десетици случаи, денес имаме околу 1.200 случаи, така што ситуацијата е неизвесна со тенденција да се влошува. Ова ни се случува поради целосното непочитување на мерките во некои делови на земјата, големата организација на свадби и други забави каде што не се носеа маски, немаше дистанца. Ако ми кажете стотици, би рекол дека имаше илјадници венчавки, на кои некои заборавија дека вирусот постои“, изјавил Караџовски за Алсат.

Од друга страна, стручната фела се погласно зборува дека најлошото од новиот бран допрва доаѓа. Доктор Горан Кунгуловски, предупредува дека пикот на последниот бран ќе може да го очекуваме во септември, и алармира дека делта сојот е далеку позаразен па не ја исклучува можноста секој 20 граѓанин во земјава да сојде во контакт со вирусот.

Министерот за здравство Венко Филипче вели оти рестриктивните мерки сепак ги поттикнале граѓаните да се вакцинираат.

До сега во Македонија вакцинирани се над 620.000 граѓани, а прва доза вакцина примиле половина милион граѓани.

Биљана Божиновска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

Deprecated: Creation of dynamic property Sneeit_Singular::$article_image_height is deprecated in /home/alfamk/public_html/wp-content/plugins/sneeit-framework/includes/articles/articles-singular.php on line 174