ВТОР НАПАД НА ИЗРАЕЛ ВРЗ СИРИЈА ЗА СЕДУМ ДЕНА: БАЗА ВО ЈУЖНИОТ ДЕЛ НА ДАМАСК КАКО МЕТА НА ПРОЕКТИЛИТЕ

Во израелските воздушни напади е погодена област во јужното предградие на Дамаск, каде воени дезертери тврдат дека има силно иранско воено присуство. Во соопштението на сириската војска се вели дека Израел извршил напад од Голанската висорамнина, пришто е направена само материјална штета. Тоа е втор таков напад за една седмица. Според тврдења, целта била воена база долж границата со Израел, која и претходно била на удар. Израел минатата недела започна со воздушни напади на, широк спектар на сириски и ирански цели во Сирија.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста