Над 43 илјади луѓе останаа без работа за 7 месеци


Deprecated: Implicit conversion from float 1714281587.831851 to int loses precision in /home/alfamk/public_html/wp-content/plugins/sneeit-framework/includes/utilities/utilities-views.php on line 40

Над 43 илјади  луѓе останале без работа од стартот на ковид кризата до крајот на септември годинава. Над 151.360 луѓе во моментов се водат како невработени, додека во март нивниот број бил многу помал или околу 107 илјади лица. Фирмите се пожалија дека откако останаа без субвенции за плати летово, можни се откази на над 15 илјади работници во преработувачката индустрија ако доцни државната помош за исплата на палти за октомври, ноември и декември. Министерот за економија Бектеши тврди дека финансиската поддршка ќе стигне навреме. Мерките како Викенд без ДДВ и бескаматни кредити веќе се реализираат, а за другите треба да се почека  ребалансот на буџетот да помине во собранието.

„Што се однесува до исплата на платите и критериумите, во текот на оваа недела ќе пратиме предлог закон до собрание. Денеска и утре се завршуваат сите консултации со засегнатите страни вклучувајки ги сите стопански комори, синдикатите. Јас сум убеден дека утре, најдоцна задутре, законското решение ќе биде испратено до собрание на усвојување“ – вели Бектеши.

Од Светска банка бараат македонската влада да носи таргетирани мерки кои ќе му помогнат на стопанството, но предупредуваат дека поради актуелниот проблем околу корона кризата не треба да се откаже од реформите кои треба да ги спроведе на среден и долг рок.

Бизнисот алармираше дека и покрај трите сета мерки, недоволно пари се влеале во стопанството. Помошта досега „тежеше“ 550 милиони евра, но бизнисот тврди дека реално компаниите добиле едвај третина од парите.

Тања Попова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

Deprecated: Creation of dynamic property Sneeit_Singular::$article_image_height is deprecated in /home/alfamk/public_html/wp-content/plugins/sneeit-framework/includes/articles/articles-singular.php on line 174