ГЕРМАНИЈА И САД СО СОМНЕЖИ ЗА КВАЛИТЕТОТ НА РУСКАТА ВАКЦИНА

Германското министерство за здравство истакна дека руската вакцина може да се регистрира во Европската унија само по сите клинички испитувања. Безбедноста на пациентите е најголем приоритет. Нема податоци за квалитетот, ефикасноста и безбедноста на руската вакцина – рече портпаролот на министерството за здравство на Германија. Главниот американски епидемиолог Ентони Фаучи вели дека има сериозни сомнежи дека одобрена вакцина против коронавирус во Русија е безбедна и ефикасна.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста