Фирмите со намалени добивки годинава

Лоша година за стопанството. Македонските компании очекуваат да прокнижат најниски добивки годинава. Во 2019-та мака мачеле да најдат пари за исплата на плати, даноци и придонеси. Затоа, велат УЈП собрала помалку пари од бизнисот. Лошата финансиска состојба на фирмите дополнително се продлабочи и со воведувањето на прогресивниот данок, од кој владата се откажа по само 10 месеци од воведувањето.

Бизнисот се жали дека сивата економија им задава најмногу главоболки. Процентот на фирми кои работат нелегално и не ги плаќаат давачките кон државата е од 25 до 40% од стопанството. Управата за јавни приходи тврди дека активно работи на сузбивање на сивата економија. Проектот „МојДДВ“ резултирал со пријавени 100 фирми кои не издавале фискални сметки. Сепак, се уште не се знае дали ова е доволно и дали ќе значи дека во државната каса догодина ќе се соберат пари од фирмите кои сега не се во системот.

Бизнисмените веќе најавија дека следната година не очекуваат ништо спектакуларно на економски план. Закажаните предвремени парламентарни избори, за нив, ќе значат застој на економијата во првата половина од годината. Сметаат дека граѓаните и стопанството ќе немаат капацитет во 2020-та да креираат економски раст од 3,8% колку што се проекциите на Владата.

Тања Попова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста