Омдусбанот го испитува секс – скандалот во ПС Автокоманда
Во случајот со сексуалното насилство во полициската станица Автокоманда се вклучува и народниот правобранител. Од канцеларијата на омбудсманот го истражуваат предметот со полицискиот раководител кој вршел притисок на сексуална основа врз најмалку 6 полициски службенички.
Од таму веќе побарале контакт и дел од жртвите на полицискиот раководител во текот на наредните денови ќе дадат лична изјава за своите траорни искуства.
Вчера поранешна вработена во полициската испостава Автокоманда која успеала да замине во друга станица откри дека раководителот со иницијали С.В. ја пратил да работи како позорникар на улица затоа што не била млада и згодна.
Предходно други малтретирани полицајки за своите маки формално го информирале одделението за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје и одделот за внатрешна контрола. Од овие два сектори во МВР нема резултат на случајот кој започнал пред речиси 3 недели.
„Оди си сега гледам дека си уплашена ама знам дека и ти сакаш и пази за ова што ти го нудам да не си кажала на никој зошто не може ш да замислиш што ќе ти направам и кој сум јас“ и велел полицискиот раководител на една од своите жртви.
Според документите до кои дојде Алфа а кои се на располагање на полициските инспектори кои работат во сексуални деликти при МВР и во внатрешната контрола раководителот отворено потврдувал дека се заканува со реваншизам доколку жртвите ја одбијат неговата непристојна понуда за сексуален контакт.
Според една од жртвите полицискиот функционер барал доколку жртвите прифатат тајната за сексуалниот однос да не се шири со цел неговото семејство да не дознае за неговите афери.
Жртвите но сега и полициските инспектори кои работат на случајот се закануваат дека доколку врвот на МВР одлучи да го заштити полицискиот службеник кој од позиција на моќ барал сексуални услуги од своите потчинети пред јавноста ќе ги откријат сите детали за грозоморните сексуални закани кон полицајки, дел од нив во брак и со деца.
И по три дена од првиот контакт со него командирот на полициската станица во Автокоманда одбива да даде објаснување за сексуалниот скандал што се случува во станицата каде што тој е одговорно лице.
Од завчера во Македонија започна кампањата кампањата против насилство врз жените која трае 16 дена. Засега за скандалот молчи и владата и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој има одговорност за состојбите во полициските станици и сексуална и други видови дискриминација на вработени во МВР.