14 август – ден на солидарноста и слободен за сите граѓани

Владата на Словенија  го прогласи 14 август, за ден на солидарноста. Граѓаните ќе добијат слободен ден за да помогнат во санирањето на штетите од поплавите.

Премиерот голоб рече дека земјата сака да го заврши тешкиот период во духот на солидарноста и дека луѓето ќе добијат слободен ден за да им помогнат на познаник, сосед, пријател и на сите погодени од големите поплави.

Во видео-обраќање објавено на Инстаграм, Голоб рече дека во последните денови има многу иницијативи и предлози од граѓаните во врска со катастрофалните поплави, а еден од нив е да се прогласи 14 август за слободен ден за сите.

Трговско-индустриската комора на Словенија ја критикуваше ваквата одлука, наведувајќи дека денот на солидарноста ќе создаде дополнителни трошоци за компаниите во другите делови на земјата и дека ќе биде подобро наместо слободен ден, Владата да нареди дневниот трошок за труд да се донира за помош на ранливите.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста