СЗО: Асимптоматските случаи ретко го шират новиот коронавирус

Мала е веројатноста луѓето кои се асимптоматски  на коронавирусот истиот да го  шират потврдуваат  од СЗО.  Епидемилогот на СЗО, Марија Ван Керх, вели луѓето кои немаат симптоми на новиот коронавирус ретко ја шират инфекцијата.

Ван Керх истакна дека СЗО добива извештаи од држави, кои  што детално ги следат контактите на заразените, вклучително и асимптоматски случаи и тие држави не откриле дека пренесувањето продолжува со таквите случаи. Таа повтори дека вирусот се шири преку капки, што се ослободуваат кога некој кашла или кива.

Тоа на што ние сакаме натаму да се фокусираме е следењето на случаите со симптоми. Да ги следиме сите симптоматски случаи, затоа што знаеме дека ова е респираторен патоген. Се шири од човек на човек преку заразни капки. Ако всушност ги следиме сите случаи со симптоми, ги изолираме, ги следиме контактите и ги ставаме во карантин, драстично ќе ги намалиме случаите“-вели епидемилогот на СЗО, Марија Ван Керх.

Некои луѓе, особено младите и здравите, кои се заразени од ковид -19, всушност и никогаш не развиваат симтоми или пак имаат многу благи симптоми вели епидемиологот. Според неа, владите треба да се фокусираат и ангажираат на пациенти со симптоми – да ги детектираат и изолираат, наспроти асимтоматските, кои не претставуваат опасност.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста