Џо Бајден ги посети дипломците на Академијата на воздухопловните сили на САД

Претседателот Џо Бајден упати топли зборови – и трезвено предупредување – додека им се обраќаше на дипломираните студенти на Академијата за воздухопловни сили на САД.

„Светот во кој дипломирате не само што брзо се менува – и темпото на промени се забрзува. Гледаме зголемени глобални предизвици, од руската агресија и бруталност во Европа, до нашата конкуренција со Кина и многу пекол меѓу нив“, рече Бајден.

Бајден додаде дека, небото е важно повеќе од кога било.

Сметаме на вас да не држите во првите редови на доминацијата на воздухот и вселената, овозможувајќи и на целата заедничка сила да биде посилна“, додаде Бајден.

Оваа дипломска класа – создадена во неизвесноста на пандемијата со ковид-19, се појавува во неизвесен свет. За некои алумни, сензацијата е позната.

Лу Хеч дипломирал во 1970 година и се приклучил на елитната воздушна ескадрила Гаврани, која летала на класифицирани мисии над Лаос.

„Нивниот клуч за опстанок беше нашата воздушна поддршка. И, тоа е причината зошто Гавраните беа таму. Бевме таму за да ги насочиме воздушните напади и да обезбедиме воздушна поддршка за нашите сојузници од Лаос на теренот. И, тоа е прилично точно денес. Истото беше и во Авганистан. Истото важи и во Украина. Треба да го поседувате воздушниот простор, а способноста да се испорача убојни средства од воздух е клучот за битката“, рече пензионираниот потполковник Лу Хеч.

Програмата беше декласифицирана во средината на 80-тите, но тие водеа толку малку записи што Хеч може само да процени дека пет од неговата деветчлена група биле соборени, а 22 членови од неговата ескадрила биле убиени во акција.

Гласот на Америка праша дали би го направил тоа повторно.

Дали ќе го направам тоа повторно. Да, во истиот момент. Изгубив многу пријатели таму, и тоа беше една од најзаслужните работи што некогаш сум ги направил во мојот живот. Мислам дека речиси секој од Гавраните ќе ви го каже тоа, додаде Хеч.

Овие нови воздухопловци знаат дека многу нешта ќе зависат од нив. Нивниот началник ги потсети присутните семејства, дека не толку одамна, тие беа деца.

„Ако вашите деца беа како моите, живеат во вашата куќа, ја јадат целата храна. Се справуваат со тинејџерските ставови, ги трошат сите ваши пари, а знам дека некои од вас мислеа: „Како во светот оваа личност ќе биде функционална возрасна личност?“ Но, денес, ви гарантирам, овие питомци кои дипломираат се многу повеќе од тоа. Тие се најперспективните млади лидери на нашата нација со чувство на должност и чест да им служат и да ги водат нашите воздухопловци и нашите чувари“, рече Генерал-полковникот Ричард Кларк.

Останува неизвесно, дали нивната иднина ќе има пријателско или проблематично небо?

Јованчо Наумоски, Глас на Америка – Вашингтон

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста