Уште 7,2 милиони евра легнаа на сметката на „ Бехтел и Енка“ , а изградбата сеуште не е започната

Нови 7,2 милиони евра народни пари легнаа на сметката на турско американскиот кознорциум „ Бехтел и Енка “ , без камче да се помести на автопатиштата .  Ова е трета трансакција која Министерството за транспорт и врски ја префрли на Јавното претпријатие за државни патишта за Бехтел и енка , а сумата воопшто и не е предвидена во програмата за коридорите .

Во истата се предвидени аванси исплати од 117 милиони евра и од 50 милиони кои до сега се исплатени и уште два аванси во висина од 25 милиони и 49 милиони евра кои допрва ќе ги платиме или до крајот на годината вкупно околу 250 милиони евра треба да легнат на сметката на изведувачот .  Иако јасно се гледаат наведените четири аванси , од Државни патишта тврдат оти и овие пари биле согласно програмата , а како и претходните пари наменети се за технички работи.

Јавното претпријатие за државни патишта известува дека врз основа на обврските од Договорот за реализација на делниците на Коридор 8 и 10 д, а согласно со Програмата за финансирање на патната инфраструктура за проектите на Коридорите 8 и 10 д за 2023 година исплатени се средства во висина од 443.602.000 денари.  Овие средства се наменети за плаќање односно за мобилизација, набавка на опрема, бази и материјали за изведувачот и за поддршка на пристап до средства, за геоемханички испитувања, мобилизација, екипирање со механизација, воспоставување на кампови, лабараторија и други работи од страна на изведувачот, велат од ЈПДП .

Истиот одговор  го добивме кога прашавме за што е наменета втората трансакција во висина од 53 милиони евра. И тогаш ЈПДП кажа дека станува збор за набавка на опрема , материјали и геомеханички испитувања.

Коридорите кои три пати беа свечено најавени дека ќе почнат да се градат само до сега ја чинат државата   околу 175 милиони евра  за подготвителни работи Од подготовки, до сега видовме поставување на две табли, една ископана дупка и три пати најава .  Прво со изградба требаше да стартува алтернативниот пат кој е предвиден да се користи дури се гради автопатот Гостивар – Струга . Најавите беа дека тоа ќе се случи летово, но ништо од тоа.  Вредноста на целиот проект треба да биде 1,3 милијарди евра, но со оглед на тоа дека треба истовремено да се проектира и да се гради, а експропријацијата не е ни започната многу е веројатно оти ќе биде надмината оваа сума .

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста