Скопје како депонија – ѓубре, смрдеа, уништени споменици, скрешени плочи, вака ли ја сакаме Македонија?!

Срамен е одност на поединци, ама и на одговорните за сликата на главниот град. Тоа ќе ви покаже колку си ја сакаме и цениме државата. Вистинска среќа е на пешачките патеки на кејот на вардар да не скршите глава. Пропаднати блокови искрешени плочки. Спомениците и односот на властите кон нив дополинтелно револтира. Капак на се – е ѓубрето и смредеата од Вардар. Некогаш белиот Плоштад – сега изгнасен и на места покриен со ѓубре.

Ѓубре, нечисти улици, искрешени плочки, демолирани споменици, украдени табли, одвратни пораки со спреј испишани на значајни македонски знаменитости- ваква е силаката во центарот на Скопје, главниот град изгледа како сите надлежни да кренале раце од него.. Доплнително што и не е безбедно да се движи по пешачките патеки кои буквално пропаѓаат. За нехигиената на Скопје реагираат сите, ама прашањето е има ли кој да ги чуе. Граѓаните велат дека главниот град одамна ја нема убавата слика која му доликува.

  • Катастрофа, мора да се поработи и Градот да ни заличи. Ова мислам дека ги поминува сите норми и граници не еден град, кој некогаш беше вистинки симбол на една метропола, едноставно – не чини, велат граѓаните пред камерата на Алфа, откако

Последен во низата кој беше исквернавен, беше мостот „Око“ на кејот од Вардар,  кој деновиве беше исчктан со недолични пораки. Сега тие се исчистен, ама делумно, иако речиси и да нема споменик кој не е руиниран. Имињата на хероите се офарбани со спреј, а надлежните никаде ги нема да регираат, се жалат граѓаните.

  • Ова на ништо не личи, срамота е ова што се дешава и со мостот, и со спомениците и со се овде. Да кажам надвор дали ова ќе го прават? Ма дај брее, тоа теорија нема. Ова само кај нас го има зашто е катастрофа, реагираат скопјани откако се згрозени од ликот на главниот град.

Ова не е првпат мостот „Око“ да биде оштетен. Пред неколку месеци од тука беа украдени голем дел од плочките со натписи на спомениците, на кои пишуваше што значат, и за кој споменик станува збор.

Претходно, и мостот „Гоце Делчев“ беше мета на кражби, од каде исчезна речиси целиот заштитен метал на столбовите од оградата.

Алфа праша во Град Скопје, што се случува со оштетувањата на мостовите, но и лошата слика на главниот град, и дали конечно некој ќе реагира, ама од таму барем за сега, нема никаков одговор.

Дека мостовите се во се полоша состојба јасно може да се види, па така иако туристите се сликаат со знаменитостите, се чудат како никој не води грижа за нив.

Лошата инфраструктура е главен пробелм за Скопје, па така речиси и да нема улица што нее раскопана. Доволно е да се направи само една обиколка околу градскиот плоштад, и да се види дека и таму сликата не чини.

Лошата инфраструктура е проблем и за велосипедистите, кои освен по главните улици не можат нормално да возат секаде. Велат дека градот ни е полн со дупки и мора некој да поведе сметка за тоа.

  • Состојбата не чини, не може да возиме како што треба. Мислам дека мора да се поведе одговорност, зашто ова вака на ништо не личи, велат велосипедистите кои со години возат со потешкотии.

Покрај лошата слика за Скопје, и воопшто за Македонија, и добар дел од државните институции се запоставени и полни со ѓубре. Некои од нив дури немаат ниту натписи со табли. Лошата слика на државните институции ни малку нее за поздравување, па така ако некој дојде од надвор, нема да знае за која инстуција станува збор.

Јавноста перодов е се погласна дека Скопје никогаш не бил толку валкан и хаотичен град, и дека навистина некој мора сериозно да поработи тоа да се промени. На Скопје му треба градска култура, пред се, со цел да се вратат сите работи за градот пак живее како метропола.

Борис Грујоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста