Само „непокор и слобода“ – како за сите национални празници така и сега власта не стави на „М“ од Македонија

Само „непокор и слобода“ – како за сите национални празници така и сега власта не стави на „М“ од Македонија

„Непокор и слобода“ – ама чија и каде? Владата на ден пред големиот државен празник го смисли логото и повторно изостанаа Македонија и Македонци. Не само тоа, во владините пораки повторно изостана „бугарскиот фашистички окупатор“ на 11-Октомври по 82 години од денот кога започнала борбата на македонскиот народ.


Идентично како и на изминатите големи државни празници последниве години, немаше никаква музичка композиција или телевизиски најави за 11-ти Октомври, а  премиерот симболот за денот на почетокот на македонската борба против бугарскиот фашистички окупатор го објави на социјалните мрежи утрово.

Заборави на бугарскиот окупатор, а говорот на централната манифестација на спомен костурницата во Куманово, Ковачевски го искористи да повтори дека мора да се донесат уставните измени за Македонија да го продолжи европскиот пат. Антиевропската агенда според Ковачевски е  антимакедонска агенда и со тоа можело да се справиме само со нови мудри одлуки. 

  • „Ова не е битка со оружје и на бојни полиња, како партизанските и револуционерните борби. Но е, уште една серозна и важна битка што ние мораме да ја добиеме. И со тоа ќе се осигураме никој никогаш да не може да ги користи македонските идентитетски прашања, за свои или нечии туѓи цели. Членството во Европската Унија го потврдува, зацврстува и унапредува идентитетот. Таков е случајот со сите европски народи. Така ќе биде потврден, зацврстен, унапреден – со тоа и заштитен трајно и македонскиот идентитет во европски и светски рамки“, рече Ковачевски.

    Името на државата во последниве четири години веќе не е дел од ниту едно владино лого за големите државни празници а се почесто изостануваат и државните симболи. Последен таков пример беше за денот на независноста на државата, кога логото гласеше „Гласник на слободата“.

Но, не само името Македонија, владините функционери во обраќањата кон народот внимаваат кој зборови ќе ги искористат, а стана пракса бугарскиот фашистички окупатор да не се споменува во ниту една прилика.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus (0 )