Путин се уште молчи за смртта на Пригожин чиј авион се урна во неразјаснети околности

Многу прашања – малку одговори и една клучна енигма, што го урна леталото на патот Москва – Санкт Петербург, кога загинаа 10 луѓе? Кремљ засега молчи, западот прстот го впери кон Владимир Путин, кој и во денешното обраќање на самитот на Бринкс остана нем за случајот за кој зборува целиот свет.

Како што објави „Флајрадар – 24“, авионот „Ембраер“ во период од половина час по тргнувањето од Москва постојано се кревал и спуштал на височина помеѓу шест и девет километри пред да се урне во регионот Твер. На ниво на шпекулации втор ден остануваат и теориите како причина за падот на авионот – од проблеми со моторот преку поставена бомба во едно од крилата до тоа дека бил цел на руски противвоздушен напад. На ниво на шпекулација останува и јавната закана на тројца наводни борци на Вагнер дека тргнуваат кон одмазнички поход кон Москва.

Досега, според руски извори, се пронајдени осум тела од авионот. Во него, освен тричлениот екипаж, сите биле борци на Вагнер, вклучитено Дмитриј Уткин, кој важи за десна рака на Пригожин.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста