Од следната недела поскапува лебот

Од септември ново поскапување на лебот – ако не помогне државата. Високите цени на пченицата на светските берзи, по излегувањето на Русија од Договорот за извоз на украинско жито, притискаат за пораст на цената, велат од пекарската индустрија. Затоа бараат државата да ги заштити граѓаните од нови поскапувања и да го помогне бизнисот.

„Внимателно се следи ситуацијата и секој прозиводител утврдува дали ќе ги покачи цените или ќе продава по исти цени“, изјави Горан Ѓоргиевски, претседател на Агро бизнис комората.

Оваа недела по нови повисоки цени се продаваат дел од млечните производи. Поскапи и месото, а по одмрзнатите маржи по повисоки цени се продаваат и овошјето и зеленчукот. Бизнисот апелира – економија, а не политиката да биде фокус на власта.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста