Народот е се посиромашен, реалната плата е помала за 5.2%

Стандардот на граѓаните паѓа. Реалната плата во Македонија има пад за 5.2 %. Народот е се посиромашен, ова денеска преку соопштение до јавноста го истакнаа од ВМРО-ДПМНЕ.

-Вредноста на платите, пензиите и другите примања на граѓаните е намалена. Македонија имаше една од највисоките инфлации во Европа и таа уште е висока. Народот секојдневно се соочува со се поголеми цени и се потешко го поминува месецот. Секојдневно се покачуваат цените во маркетите, и по 100 артикли на ден имаат поскапи цени. И додека со СДС и ДУИ народот е се посиромашен се редат матни тендери, зделки во четири очи и огромни профити за фирмите кои водат до врвот на власта, велат од партијата.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста