Истекува рокот за „Цар Борис трети“- клубот под клуч, охриѓани бараат крај на провокациите

Откако започна постапката за наводна пререгистрација на бугарското здружение Цар Борис трети во Охрид, жив човек не е појавен во просториите на контроверзниот клуб, кој се наоѓа во гратскиот амам, а е во непосредна близина на судот и неколку кафетерии, продавници, сендвичари. На катот веднаш до здружението чии простории се гледаат од главната сообраќајница која води кон кејот,има адвокатска канцеларија. Новоосвестените бугари никаде ги нема, а претходно по неколку часа во денот доаѓаше претседателот на Борис трети придружуван од неколку истомисленци-велат соседите од околните објекти. Потсетуваат дека веднаш по отворањето во два наврати се случија инциденти со кршење на стакла од клубот и пукање од огнено оружје. Ова го отвора прашањето дали воошто државата требаше да дозволи отворање на бугарски клубови како овој во Охрид ?

Лично јас сметам не, меѓутоа државата дозволила, некој во државата , а зошто не знам. До сега имаше инциденти по мене непотребни. Сметате дека треба да се затворат бугарските клубови сред Македонија? Обавезно, како што тие ги затворија македонските, треба да им се врати, да се затворат и овие во Македонија” – вели адвокатот Мартијаноски.

Отворањето на бугатскиот клуб во Охрид е ставање на трн во здрава нога, велат охриѓани кога ги прашавме дали треба да постојат бугарски клубови кај нас?

И додека од организација Фондација Македонија, повикувајќи се на изјава која претседателот на здужението Томе Блажески, тврдат дека од Цар Борис не поднеле барање за промена на името на здружението, од Централнот регистар појаснуваат дека новосвестените бугари на 10. февруари годинава поднесле барање, за усогласување со новиот закон за здруженија и фондации но притоа не е навеле ништо во тоа барање, тоа е еден лист хартија кој не ги задоволува законската процедура за поднесување документи.

Бугарското здружение Цар Борис трети во Централниот регистар фигурура од ноември 2021 година, но официјално се отвори една година подоцна, во очи на 11-ти окомври кога Македонија го празнува денот на народното востание. Отворањето беше пропратено со протести, во крајно тензична атмосфера во која за влакно беше избегнат инцидент.

Со претседателот на Цар Борис трети со денови се обидуваме да стапиме во контакт, но не одговара на повиците.

Останува да се чека дали нареднава недела комисијата за употреба на имињата ќе одлучи за бришење на охридскиот клуб како што тоа се случи “Ванчо Михајлов“. Во дадениот рок за прилагодување на имињата со новиот закон за здруженија и фондации  Централниот регистар го избриша само бугарскиот културен клуб од Битола

Според измените, Здруженијата на граѓани во својот назив не можат да употребат имиња на личности кои по било која основа се поврзани со расна, верска, национална, етничка и друга нетрпеливост, омраза, геноцид, поддршка на фашизам и нацизам.

Росица Голабоска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста