Бугарија ги штити, Македонија ги игнорира – зошто политиката на Скопје кон клубовите е поинаква од онаа на Софија ?

Клубови именувани по докажани фашистички соработници и клуб именуван по македонски поет. Разликата е голема. „Ванчо Михајлов“ и „Цар Борис Трети“ бугарски, со директна поддршка од официјална Софија. „Никола Вапцаров“ македонски во Благоевград, официјално осуден дури и од македонските власти.

И покрај тоа што се именувани по и повеќе од спорни историски личности, бугарските клубови во Македонија, добиваат силна поддршка и ветер во грб од страна на бугарските власти. Доказ за тоа беше свеченото отворање на „Ванчо Михајлов“ во Битола, каде што присуствуваше државниот врв на Бугарија предводен од тогашниот премиер Кирил Петков и заменик претседаталката Илијана Јотова.

Статусот на овие два клуба стана и причина со која Бугарија во иднина може да не блокира на европскиот пат. Во тамошното Собрание беше изгласа со која позицијата на официјална Софија е дека никако не смее да се забрани постоењето на „Ванчо Михајлов“ и „Цар Борис Трети“

Бришењето на клубот од Битола беше причина за нови жестоки реакции на политичкиот врв кај источниот сосед, во прв ред на бугарскиот претседател Румен Радев.

“Бришењето на имињата на бугарските клубови нема да ја избрише тврдата решеност на Бугарија, на европските институции, на нашите европски партнери, Македонија да ги впише македонските Бугари во нејзиниот Устав. Тоа е појдовната точка за интеграцијата на нашиот сосед во ЕУ” – изјави Румен Радев.

Најава дека Македонија може да има проблеми бидејќи го избирашала клубот именуван по докажан соработник на фашистичкиот режим ни најави и заменик министерот за надворешни работи на Бугарија, Костади Коџабашев. Непринципиелна и тенденциозна била одлуката за негово бришење од Централниот регистар.

“Длабоко сме вознемирени од последователните дејствија на Македонија за ограничување на правата на здружување и слободно изразување на бугарската заедница во земјата. Институциите во Скопје не претставија никакви вистински аргументи за оспорувањето на регистрацијата на бугарските здруженија. Одлуката е непринципиелна, еднострана и тендециозно ставање на имињата на здруженијата во искриевен историски и идеолошки контекст” – кажа Костадин Коџабашиев, заменик министер за надворешни работи на Бугарија.

Сосем спротивен е ставот и односот на македонските власти. За разлика од поддршката која од Бугарија стигна за клубовите, нашите официјално кажаа дека не го поддржуваат отворањето на „Никола Вапцаров“ во Благоевград, што го потврди лично и министерот за надворешни работи Бујар Османи.

Многу ми е полесно jас сега пред вас да кажам мора да се отвори клубот таму, граѓаните мора да ги почитуваат сите права во Бугарија. Сигурно ќе имам одлични текстови во медиумите, но не правам услуга на луѓето таму, ниту на интересите на државата, ниту на меѓусоседските односи. Јас тој пат сум го избрал и сум убеден дека тоа е правиот пат, изјави Османи.

За него „Никола Вапцаров“ не беше добра идеја, но се среде Софија во интервју за БТВ ги охрабри Бугарите да отвораат нови клубови во Македонија

“Бугарската заедница во Северна Македонија е во период на консолидација, прикажување и интеграција во општеството. Со оглед на фактот дека и јас потекнувам од малцинска група, која на почетокот исто така имаше проблеми со нејзиното обединување и интеграција, се чувствувам најсилно повикан да ја советувам бугарската заедница дека овој процес треба да го направиме внимателно, без да предизвикаме негативни чувства кај останатите дека има некаква злоба во какви било иницијативи. Ја охрабруваме бугарската заедница да се обедини во клубови, да отвори повеќе клубови” – рече Бујар Османи.

На отворањето на македонскиот културен клуб во Благоевград не присуствуваше ниту еден претставник на македонската Влада, иако добија официјална покана да бидат дел од свеченото отворање на „Никола Вапцаров“.

Матеја Петровски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста