Директорката на драмски назначена од власта чека пари за реставрација на театарот од Влада

За катастрофалната состојба во која се наоѓа Драмскиот театар виновно било Министерството за култура а не менаџментот. Ова може да се заклучи од одговорот на директорката Викторија Рангелова Петровска на прашањата на Алфа – зошто објектот е запуштен, зошто кафулето не работи и зошто се доцни со објавувањето на репертоарот.

  • „Театарот не може сам да реализира капитален објект. Значи очекувате средства од Влада? Очекуваме средства…. Очекуваме да има реализација и процес во кој што ќе се разгледува дали воопшто тетарот треба да биде срушен“ – Одговори директорката Петровска.

Во моментов сликата пред Драмски е како никогаш досега. Запуштен и руиниран, со обрасната трева и без џагорот кој доаѓаше од кафулето во објектот. Директорката се правдаше дека понудените проекти уште од минатата власт не се реализирале оти сите предвидувале уривање на театарот, и изградба на нов, што би значело тој да ја изгуби неговата душа.

  • „Мене лично ако ме прашате, овој театар има историја, има приказна која што не е за потценување. Овој објект исто така е дел од една приказна во архитектурата и е дел од една приказна на солидарност бидејќи е финансиран од британската Влада. И ако мислите дека сето тоа треба да се сруши, тогаш сме на погрешен пат.“ – Порача директорката на „Драмски“.

Запрашана, зошто кафулето кое со долги години беше дел од имиџот на татарот, повеќе не работи, директорката на кратко порача оти имало проблем со документацијата уште од март годинава.  Засега останува нејасно зошто е потребно толку долго време само да надмине овој проблем.

Во внатрешноста на театарот пак, може да се видат оштетувања на таванот како резултат од протекување на кровот, кој иако според директорката, бил поправен уште во 2019та. Пет години потоа трагите од протечената вода на ѕидовите, не се санирани.

Еден од симболите на главниот град, кој со децении создава уметници и во кој културно се воздигнале генерации на скопјани, сега е оставен на забот на времето и волјата на министрите за култура. Па во оваа незавидна жална состојба, театарот годинава ќе е домаќин на регионалната унија на театри „РУТА“. Од 3ти до 8ми октомври, во него ќе настапат театри од сите поранешни југословенски републики.

Никола Цветкоски

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста