Водата во Скопје може да поскапи за 30 денари, на потег е „ЈП Водовод“

Скопјани ќе плаќаат 30 денари поскапо за вода ако Водовод ја прифати максималната цена која ја понуди регулаторот. Цената ќе остане речиси иста, ако претпријатието ја прифати минималната понуда . Ова се опциите кои Регулаторната комисија ги постави пред Водовод.. Тоа што ќе биде прифатено од јавното претпријатие, треба да помине и на Совет на Град Скопје.

– Постоечката цена за вода во главниот град изнесува 32,87 денари. Со нашата одлука минималната тарифа предлагаме да изнесува 31,53 денари, тоа е минимално намалување, што се должи на фактот дека помошта која ќе се дава со пониска цена на електрична енергија ќе продолжи и следниот период. Додека максималната тарифа изнесува 34,82 денари, повисока за девет проценти од постоечката – укажува Марко Бислимовски.

Најголемиот проблем за комуналните претпријатија бил зголемениот трошок за електрична енергија. Според Бислимоски , нивната пресметка за цената која ја плаќале се должела на тоа што тие земале референтна цена од БЕРЗАТА ХУПЕКС , а не од ЕСМ продажба и овие недоразбирања биле надминати.

Зголемени трошоци до Регулаторот пријавиле и од водоводните претпријатија од Охрид, Кочани , Ресен и Дебар за што се водат постапки. Конкретно, Охридски  Охрид побарал 70 проценти исклучиво повисока цена , како што велат поради зголемени трошоци за елктрична енергија и ги отфрлија тврдењата  дека скале да ја поскапат водарта затоа што имало премногу вработени.  Од друга страна, Бислимоски и денеска дециден – ќе прифател само економски трошоци .

– Ние не признаваме неоправдани трошоци, туку економско оправдани трошоци. За струјата трошокот е оправдан, но претпријатијата мора да размислуваат да ги намалат другите трошоци, како на пример превработеноста, но и да ги намалат загубите во системите кои се пресметуваат на 64’% што е алармантно, бидејќи само 35 отсто од расположивата вода доаѓа до граѓаните – рече тој.

Скопски Водовод има 150 дена да донесе Одлука која цена ќе ја прифати. Претходно, претпријатието демантираше дека побарале зголемување на цената.

Кристина Алексиеска

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста