Бујар Османи со честитка за празникот посветен на Санстефанска Бугарија

Османи си остана доследен на честитките за потпишувањето на Санстефанскиот мировен договор од 1878 година. Министерот за надворешни работи со желби за проспиретит и успех го честита националниот празник на Бугарија.

  • „Им посакувам на луѓето во Бугарија просперитет и успех. Убедум сум дека односите меѓу двете земји можат и натаму да се засјакнат во духот на европските вредности и добрососедството“ напиша Бујар Османи на Твитер.

Кај источниот сосед со сите почести од утрото се одбележува 145 годишнината од потпишувањето на мировниот договор во Сан Стефано и исцртувањето на границите на бугарска држава на огромна територија која ја опфаќала и речиси цела етничка Македонија, а кои останаа само на хартија.

  • Поклонување пред споменот на оние кои го дадоа животот за Бугарија! Среќен национален празник! “ порача Румен РАДЕВ – Претседател на Бугарија

Контроверзниот Ангел Џамбаски, еден од најголемите негатори на Македонскиот народ и држава, на социјалните мрежи сподели слика од Сан Стефанска Бугарија која ја опфаќа и денешната територија на Македонија.

Неговиот пример го следи и претседателот на бугарската фондација „Македонија“ Виктор Стојанов кој упати иредентистичка порака.

  • 3-ти март е наш национален празник затоа што ги зацрта границите на бугарската земја – каде живејат Бугари: во географски подрачја: Мизија, Тракија и Македонија“ пишува Стојанов.

Овој ден во Бугарија се одбележува како еден од најголемите национални празници. На споменикот на незнајниот војник владино – политичкиот врв, како и обични граѓани положија венци. Кај источниот сосед денеска е неработен ден.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста