Антикорупциска бара разрешување и кривична одговорност за директорот на Инспекторатот за градежништво Арифи

Антикорупциска бара разрешување и кривична одговорност за директорот на Инспекторатот за градежништво Арифи

Директорот на градежниот инспекторат криел од антикорупционерите два стана во Скопје и автомобил „форд мондео“ од 18 илјади евра. Фатмир Арифи, го проширил имотниот лист, а не ја известил Антикорпциска која сега бара Владата да го разреши а обвинителството кривично да го гони поради тоа што не докажал како го стекнал овој имот.  

  • ДКСК констатира дека именуваниот функционер освен редовни примања не остварува други приходи, а за станот во Чаир и за оној во Железара не се докажа дека е стекнат од редовни примања кои се пријавени и оданачени па согласно член 359а од Кривичниот Законик до ОЈО ќе доставиме иницијатива за кривично гонење на Арифи. Исто така до органот кој го именуваше, односно до Владата ќе доставиме иницијатива за одговорност и негово разрешување зошто не може директор на Државниот инспекторат за градежништво да стекнува имот по пат на бесправно градење објекти, не е во ред“, рече Ивановска.

Арифи едно пријавил во Агенцијата за катастар, во УЈП И МВР, а друго во Антикоурпциската комисија. По барање на антикорупционерите, тој доставил купопродажни договори, но тие не биле за недвижностите за кои се истражувало.

  • „По анализата ДКСК констатираше разлики во анкетниот лист на Арифи и имотните листови добиени од катастар како и од МВР во однос на сопственоста на возило. Утврдено е дека не е пријавен стан на ул. Крсте Асенов во Чаир, како и на недвижен имот на ул. Гемиџиска во Железара, и сопственост на возило „форд мондео“ купено во 2021 за сума од 18.000 евра. ДКСК со записник констатираше прекршок со ненаведениот имот во Анкетниот лист за кој Арифи ја плати глобата по прекршочниот платен налог,“ реферираше претседателката на ДКСК Билјана Ивановска.

Арифи  на 10 август годинава бил да разговара со антикорупционерите и се правдал, дека становите ги стекнал со приватниот бизнис со кој се занимава односно продажба на автомобили. Па така , им понудил објаснување на антикорупционерите, дека едниот стан го стекнал преку трампа за автомобил. За вториот стан доставил документи за објкет кој е во фаза на легализација, но членовите на комисијата утврдиле дека станува збор за друга недвижнина.

За непријавувањето на ново-стекнатиот имот во Антикорупциска, Арифи платил и парична казна.  

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста

COMMENTS

Wordpress (0)
Disqus ( )