Заврши европската бајка за Адеми и Ристовски, познати полуфиналните дуели во ЛЕ

Аријан Адеми и Стефан Ристовски не успеаја со Динамо Загреб да ја анулираат минималната негатива од првиот меч со Виљареал. Шпанците на реваншот на домашен терен со головите на Алкасер и Морено уште во првиот дел го заверија пласманот во полуфиналето. „Модрите“ преку Оршиќ намалија на 2-1, колку за чесен пораз на историски најдобрата европска сезона на хрватскиот првак. Адеми играше до 82-та минута, а Ристовски се задржа на теренот еден час. Виљареал  во полуфиналето за противник го има Арсенал. Премиерлигашот по домашните 1-1, на гости ја прегази Славија Прага со 4-0, во меч на кој за шест минути од 18-тата до 24-тата погодија трипати. Второто полуфинале е меѓу Манчестер Јунајтед и Рома. „Црвените ѓаволи“ втор пат со идентични 2-0 ја елиминираа Гранада, а „Волчицата“ одигра реми 1-1 со Ајакс, но пресуден се покажа гостинскиот триумф со 2-1.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста