За еден ден биле вакцинирани 9123 граѓани

Системот за масовна вакцинација функционира беспрекорно уште од вториот ден по започнувањето на оваа операција. Само во текот на вчерашниот ден се аплицирани 9123 вакцини од кои 7963 прва доза а останатите ревакцина. Досега се вакцинирани 74076 граѓани, а согласно последните бројки 25% од населението над 70 години имаат примено барем една доза вакцина. Апелирам граѓаните масовно да се пријавуваат на vakcinacija.mk и да се вакцинираат. Со ова темпо на вакцинација и капацитетите кои постојано ќе ги надградуваме имаме можност за релативно брзо време да постигнеме добар колективен имунитет, напиша министерот Венко Филипче на Фејсбук.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста