Вечерва ќе биде позната првата полуфинална двојка на ЕП

По два дена пауза продолжува Европското првенство со првите четвртфинални натпревари. Од 18 часот во Санкт Петербург силите ќе ги одмерат Швајцарија и Шпанија. Швајцарците во првиот елиминациски филтер приредија сензација елиминирајќи го актуелниот светски првак Франција. Шпанците, истотака, одиграа одличен осминафинален меч и во продолженија го исфрлија светскиот вицешампион, Хрватска.

Во вториот меч вечерва, од 21.00 часот во Минхен, се среќаваат Италија и Белгија, најзвучната двојка во ТОП 8. Белгијците го спакуваа бранителот на европскиот трон, Португалија, а Италијанците малку потешко од очекуваното ја минаа Австрија. И двете селекции се со максимален ефект на Европско, па така вечерва победникот ќе испише рекорд за најдолга триумфална низа, вклучувајќи ги и квалификациите.

Утре се играат останатите две четвртфиналиња, од 18.00ч. во Баку, Данска против Чешка, а од 21.00ч. во Рим, Украина со Англија.

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста