Унгарија од утре се враќа на рутината од пред корона – кризата

Утре, Унгарија ќе се разбуди со ублажени мерки за ограничување на движењето. Првиот чекор е веќе преземен – се рестартираа патничките услуги. Во петокот беше реализиран првиот лет на линијата Будимпешта – Берлин на авио компанијата Визер. Според претставник на аеродромот „Франц Лист”, патниците се придржувале на сите мерки на претпазливост.

“Аеродромот „Франц Лист” оваа година очекува да опслужи околу 10 милиони патници, споредено со првично планираните 17 милиони, како резултат на намалената побарувачка и патни ограничувања како резултат од корона кризата” – соопштија од аеродромот.

Освен патничките услуги, од утре стартуваат со работа продавниците, кафетериите и рестораните што имаат тераси, инфомираат унгарските власти. Но, олабавувањето на мерките,единствено нема да важи за Будимпешта, бидејќи најголемиот број на смртни случаи во Унгарија се токму во овој град.

Паралалено со олабавување на мерките, премиерот Виктор Орбан порача, дека Унгарија ќе се подготвува и за нов бран на вирусот во октомври и ноември, по застојот, што веројатно ќе се случи во летните месеци.

Сепак Орбан е оптимист- дека Унгарија успешно ќе се справи со корона кризата, особено на економски план па затоа и се одлучи за постепено попуштање на мерките со цел да и се помогне на економијата да застане на нозе.Но, сепак, очекуваниот економски пад во Унгарија за годинава ќе биде близу 4 проценти.

Ања Василева 

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста