Унгарија не ја прифати „белата листа“ на ЕУ

Унгарија нема да ја почитува препораката на Европската унија за додавање на земји што не се членки на Унијата на безбедната патна листа, со исклучок на Србија, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбан.

  •  „Во моментов не можеме да го поддржиме решението на ЕУ … затоа што тоа би било спротивно на здравствените интереси на унгарскиот народ“, рече Виктор Орбан.

Унијата состави список на 14 земји што се сметаат за „безбедни“ за деловни или туристички патувања на тамошните граѓани во земјите-членки. Списокот беше одобрен со мнозинството од 27 членки.

  •  „За луѓето што ја преминуваат Унгарија кон други земји, Будимпешта ќе го врати „хуманитарниот коридор“ што оперираше во екот на првиот бран на епидемијата во Европа“ рече унгарскиот премиер.

Орбан додава секој кој ќе патува преку Унгарија ќе може да помене преку овој коридор, но ќе одржуваат  строги гранични контроли.

До вчера Унгарија регистрира  4.157 случаи  позитивни на коронавирус и 586 смртни случаи од почетокот на епидемијата.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста