Орбан: Добивме една битка, но и војната против коронавирусот!

Унгарските граѓани утринава добија предупредување од премиерот виктор орбан, дека војната со пандемијата на коронавирусот сеуште не е завршена.. Орбан потврди дека граѓаните се однесуваат соодветно на мерките и протоколите за спречување на ширењето на вирусот.

„Ние не ја добивме војната, само победивме во една битка“. Ова е победа во  фази, бидејќи нема вакцина, не можеме да се вакцинираме, истакна Виктор Орбан .

Со оглед на престојниот празник во Унгарија,  Орбан упати апел до  граѓаните, да не заминат на одмор, за да не се случи кога ќе се вратат да треба да заминат на инфективна. „Знам дека унгарецот еднаш годишно оди на море, така било отсекогаш, ама еве, ние го имаме езерото Балатон, нека одат таму„ вели унгарскиот премиер. Властите  рече  орбан, не треба, и нема да одмараат, бидејќи  вниманието мора да биде на највисоко ниво до самиот крај.

Орбан остана на ставот дека унгарските граници ќе останат отворени само за земјите-членки на Унијата и за Србија, и повтори  дека Унгарија нема да ја почитува „белата листа“ на ЕУ за безбедни земји.

Викторија Миткова

КАТЕГОРИИ
Споделете ja веста